Villa Angel Ohrid

Адреса: Булевар Св. Наум б. б.    Телефон: +389-78-405-469, +389-70-479-485

Вила Ангел Охрид

Искусете смиреност, едноставност и удобност со поглед на езерото од една страна и бескрајната зелена шума на националниот парк Галичица од друга.

Опкружен со прекрасни дрвја, Вила Ангел нуди релаксација, сенка и тивко ветре во лето, и уживање во прекрасен поглед на Охридско Езеро.

Лесно e да се најде Вила Ангел, на само 500 метри од Билјанини извори на Булеварот Св. Наум од левата страна

Вила Ангел е изградена и отворена во 2015 година.Според законските регулативи вилата е категоризирана во категорија со 2 и 3 ѕвезди,со приземје и три ката.

Сите соби се комплетно климатизирани, имаат мини кујна,потоа собите имаат интернет конекција, Сателитска телевизија, сè за бања.

Исто така располагаме со фитнес сала и целосен третман за масажа со козметика.

Вила Ангел има свој систем за соларно греење и систем за подно греење

Вилата располага со сопствен паркинг простор за своите гости за 12 автомобили.